Бред Пит (62) и неговата девојка Инес де Рамон (33) беа забележани за време на ноќно излегување во Париз. Двојката уживаше на концертот на британскиот музичар Џејмс Блејк, а фотографите ги уловија како се држат за раце по настапот. Невообичаената облека на актерот привлече посебно внимание.
За излегувањето, Пит избра впечатливи панталони во нијанса на розова и виолетова боја и сино-зелено сако, комбинирајќи ги со бела кошула, црни чевли и очила со златна рамка. Инес носеше меко сако во крем боја, бела маичка и црни кожни панталони, а изгледот го надополни со очила за сонце.
Fans couldn’t believe their eyes as Brad Pitt and his partner, Ines de Ramon, created massive buzz, navigating paparazzi hand in hand after the James Blake concert in Paris on Oct. 12, 2026. This capped a jet-setting week following the London Albies gala
#BradPitt #InesDeRamon https://t.co/T9SVDUnyVx
— MTN (@movietv_news) October 13, 2026
Двојката изгледаше одлично расположена по концертот на 38-годишниот кантавтор, познат по песните „Retrograde“ и „Mile High“.
Нивното излегување во Париз се случи само неколку дена откако присуствуваа на „The Albies“, настан организиран од Џорџ Клуни и неговата сопруга Амал во рамките на Фондацијата „Клуни“ за правда. Настанот се одржа во Природонаучниот музеј и привлече многу познати личности. Наречен по Алби Сакс – јужноафрикански судија и активист против апартхејдот – настанот има за цел да им оддаде признание на поединци кои се борат за правда и човекови права.
Бред и Инес се во врска од крајот на 2022 година, откако се запознале преку заеднички пријател. Првпат беа видени заедно во јавност тој ноември, на концертот на Боно во Лос Анџелес. Во тоа време, извор за списанието „People“ откри дека тие се гледаат веќе неколку месеци, но се обидуваат да ја задржат својата врска подалеку од очите на јавноста.
Инес, која е дизајнерка на накит, се всели во домот на Пит на почетокот на 2024 година. Оттогаш, тие сè почесто се појавуваат заедно на јавни настани.
Пред врската со Инес, Пит беше во брак со Анџелина Џоли, која поднесе барање за развод во септември 2016 година, по две години брак и вкупно 12 години заеднички живот. Разводот уследи по инцидент во приватен авион додека патувале со своите шест деца. По долги спорови околу старателството и финансиите, поранешните сопружници постигнаа договор за развод во декември 2024 година. Сепак, нивната правна битка сè уште не е целосно завршена, бидејќи тие сè уште се спорат околу француската винарија „Шато Миравал“ (Château Miraval).







