Српскиот пејач Аца Лукас, на „Инстаграм“ утрово околу 4 часот, сподели видео од изведба на песната „Јовано Јованке“.
На видеото од настапот тој е облечен во македонското знаме, и во описот на видеото порача „Ја сакам Македонија“, по што доби поддршка од македонските фанови во коментарите.
View this post on Instagram
Ова се случува откако синоќа беше приведен во Кавадарци околу 00:10 часот, за време на настап во угостителски објект во овој град. МВР соопшти дека при акциска контрола спроведена од полицијата, во координација со инспектори и Управата за јавни приходи, било утврдено дека пејачот настапувал без потребната дозвола, по што му била изречена парична казна.
При контролата во истиот угостителски објект биле констатирани и прекршоци за неиздавање на фискална сметка и Законот за пушење. Констатирано било и дека во објектот се присутни поголем број на гости од дозволеното, за што ќе бидат поднесени соодветни поднесоци, информираа од Министерството за внатрешни работи. Пејачот засгеа не излезе со официјална изјава за инцидентот.







