(Видео) Вил Ферел се појави на Евровизија, публиката не можеше да поверува

Во текот на своите 70 години постоење, Евровизија им приреди на гледачите бројни изненадувања, но малкумина очекуваа холивудската ѕвезда Вил Ферел да се појави за време на емитувањето. Неговото изненадувачко појавување во видео порака за време на првата полуфинална вечер предизвика воодушевување кај обожавателите на натпреварувањето.

По повод големата годишнина, емитувањето започна со емотивно потсетување на богатата историја на Евровизија, проследено со пораки од поранешни натпреварувачи и познати обожаватели на натпреварувањето. Меѓу нив, 58-годишниот Ферел се појави сосема неочекувано.

Во кратка видео порака, актерот рече: „Еден збор за Евровизија? Дозволете ми да размислам… што би можело да биде? Знам, радост!“

Веднаш се појавија реакции на социјалните мрежи. „Да, тоа е Вил Ферел и да, ова е сè уште Евровизија“, напиша еден корисник на платформата X.

Други коментираа дека се целосно изненадени што холивудскиот актер се придружи на емитувањето, додека многумина го споменаа и неговиот филм инспириран од Евровизија.

„Толку е одлично да се види Вил Ферел во ова полуфинале во Виена, дури и само преку видео. Веднаш ме потсети на неговиот урнебесен филм за Евровизија“, напиша еден гледач.

Ферел со години отворено зборува за тоа колку ја сака Евровизија. Тој беше коавтор и глумеше во комедијата на Нетфликс во 2020 година „Eurovision song contest: The Story Of Fire Saga“. Филмот го следи исландското музичко дуо Ларс и Сигрит, играни од Ферел и Рејчел МекАдамс, на нивното патување до Евровизија.

Актерот ја гледал Евровизија во живо во 2018 и 2019 година.

Второто полуфинале на Евровизија ќе се одржи утре, а големото финале е закажано за сабота. Вчера вечер се одржа првата полуфинална вечер, на која пласман за финалето обезбедија 10 држави.

фото/Depositphotos

Scroll to Top