Кралицата на поп-музиката, Мадона, со децении го привлекува вниманието на светот со својот приватен живот. Таа отсекогаш била отворена за сè, па затоа не е изненадување што еднаш откри дека Џон Ф. Кенеди јуниор бил нејзин најдобар љубовник.
Внукот на поранешниот американски претседател Џон Ф. Кенеди, Џек Шлосберг, сега проговори за сето ова. Тој беше гостин во подкаст и, иако сакаше, не можеше да го избегне прашањето.
Madonna’s wild sex claim about JFK Jr now draws surprising response from his outspoken nephew Jack Schlossberg https://t.co/kuxKz9mR4L
— Daily Mail Celebrity (@DailyMailCeleb) June 9, 2026
„Кога ќе ја чуете Мадона како вели дека имала најдобар секс со Кенеди јуниор, дали се смеете на тоа?“, праша водителот.
„Се кандидирам за Конгрес“, одговори Џек, но тоа беше неуспешен обид да се отстапи од темата.
„Се што можам да кажам е дека верувам дека веројатно е во право“, одговори тој на крајот.
Џон Ф. Кенеди јуниор и Мадона имале кратка врска кон крајот на 80-тите, но таа била доволно силна за да остави впечаток кај кралицата на поп-музиката. Изворите велат дека тој бил заљубен во Мадона уште од првиот пат кога се сретнале.







