(Видео) Мрежите се вжештија поради прогнозерката: „Таа го разубавува тмурното време“

Елизабет Рицини, водителка на временска прогноза, го воодушеви светот преку ноќ. Откако ја прочита временската прогноза неодамна по вестите на Би-Би-Си, интернетот одеднаш се запали.

Причината, верувале или не, беше привлечен моден детаљ кој веднаш го забележаа камерите, а потоа и гледачите.

Елизабет носеше тексас миди фустан кој ја истакнуваше нејзината витка фигура, а додаде и високи беж потпетици.

Сепак, додека се обидуваше да им ја покаже на гледачите графиката на екранот, камерите го фатија чипканиот горен дел од нејзините чорапи. Овој моден детаљ го забележаа многумина, а дискусијата се одвиваше на интернет – поточно, на Икс.

Реакциите на корисниците беа разновидни, а еден коментар особено го привлече нивното внимание:

„Секако го разубавува мрачното време“.

Scroll to Top