(Видео) Нејзините густи веѓи ја направија позната, но сега луѓето ја молат да ги среди

Моделот Софија Хаџпантели изгради успешна кариера како модел благодарение, верувале или не, на своите густи веѓи кои одбива да ги стилизира или, подобро кажано, да ги „кубе“.

Таа позираше за бројни реномирани модни списанија, како што се „Вог“, „Ел“, „Харперс Базар“, кои ја препознаа нејзината специфична убавина, имено нејзините веѓи.

Сепак, животот на Софија не е секогаш „мед и млеко“. Поради нејзината одлука да не ги „кубе“ своите природно густи веѓи, таа често е мета на јавни критики и лоши коментари. Сепак, таа вели дека туѓите мислења не влијаат на неа.

„Едноставно ми се допаѓа како изгледам“, рече таа. „Мислам дека, генерално, исто е и со другите работи во животот, ако нешто ми се допаѓа, токму тоа ќе го правам!“

Причината зошто не ги кубе веѓите
Софија нагласува дека советите на нејзината мајка многу ѝ помогнале во нејзината перцепција за женската убавина. Имено, моделот истакна дека нејзината мајка, уште како дете, ја советувала да не ги стилизира густите веѓи.

„Растејќи, мајка ми ми велеше: „Воопшто не ги допирај веѓите. Не ме интересира што прават другите луѓе, не ги допирај“, се присети таа во интервју за „Style Like U“.

Реакциите на јавноста се поделени
Додека некои тврдат дека ова е храбар потег и ѝ се восхитуваат за оваа одлука, други не се за нејзината одлука да не ги кубе веѓите.

„Крубете ги, ве молам, ослободете се од нив“, „Одвратни се. Не ме интересира политичката коректност“, „Што е ова?“, се само дел од коментарите на мрежите.

Scroll to Top