(Видео) Роби Вилијамс ја покажа пораката што ќерка му му ја испратила среде ноќ: „Многу сум загрижен…“

Роби Вилијамс откри на јавноста слатка порака што неговата ќерка Теди (13) му ја испратила во два часот наутро, во која јасно ставила до знаење што сака да прави во иднина.

Оваа ситуација е доказ дека „јаболкото не паѓа далеку од дрвото“, бидејќи Теди го изразила својот страв дека ќе биде „никој и ништо“ ако не успее како пејачка – односно ако не стане како нејзиниот татко, кој е еден од најпознатите пејачи на денешницата.

„Пишува – ‘Тато, што ако не станам пејачка? Тоа е мојот најголем страв, дека нема да станам пејачка’. Со најголеми големи букви. „Што ако не станам ништо?“, изјави Роби во емисијата „Scott Mills’ BBC Radio 2 Breakfast Show“ и додаде: „И реков: Душо, ти си непо бебе. Ќе бидеш добро“.

Иако се шегуваше во емисијата и е безусловна поддршка на своите деца, пејачот призна дека е загрижен за тоа како Теди ќе се справи со притисокот од славата, бидејќи е чувствителна.

„Единственото нешто што ме загрижува е тоа што таа е неверојатно чувствителна. Јас сум болно, болно чувствителен. Во некои кругови, тоа би се сметало за пречувствителност. Таа е повеќе од мене. И се грижам што ќе ѝ кажат“, рече тој искрено.

„За мене, беше или ова или редење полици во супермаркетот – па ова е тоа, секој ден. А за Теди, таа има опции“, ја објасни ситуацијата и не пропушти да спомене колку е благодарен за сè – за прекрасен живот и за тоа што го прави она што го сака и во што може да биде креативен.

Scroll to Top