Шпанската кралица Летиција ја има вистинската формула за совршенство и дефинитивно е неоспорна кога станува збор за мода. Познато е дека за секоја сезона има барем едно парче кое е достојно за пофалба, а сега воодушеви на прославата на 50-тиот роденден на шпанскиот весник Ел Паис.
Кога сакате да изгледате свечено и гламурозно, црната боја е вистинскиот избор, а тоа го направи и Летиција.
За оваа пригода, убавата кралица избра едноставен црн фустан со средна должина со спуштени рамена, минимализам во најдобро издание. Кога нешто е толку едноставно, елегантно и убаво, не треба да претерувате со детали.
Летиција додаде само спектакуларен дијамантски ѓердан на сè, а своето модно издание го комплетираше со модерни чевли со отворена потпетица.
Иако ги следеше сите правила на кралското облекување, кралицата успеа повторно да се докаже како неоспорна модна икона. Се чини дека тронот на Кејт Мидлтон како најдобро облечена жена е сериозно „размрдан“…







