Маја Гловер, ќерка на пилотот Виктор Гловер, кој е дел од мисијата „Артемис 2“, стана вистинска сензација на интернет поради победничкиот танц што му го посвети на својот татко.
Да потсетиме дека мисијата „Артемис 2“, организирана од американската вселенска агенција НАСА, претставува голема пресвртница за човештвото, но и за цивилизацијата. Астронаутите на мисијата: Виктор Гловер, Рид Вајсман, Кристина Кох и Џереми Хансен се првите луѓе што набљудувале одредени делови од другата страна на Месечината со голо око, како и затемнување на сонцето.
Откако поминаа рекордни 406.771 километри од Земјата и го срушија рекордот на Аполо поставен во 1970 година, надминувајќи го за повеќе од 4.000 милји, а потоа ја обиколија Месечината, овие астронаути станаа дел од човечката историја, но и моментално најпопуларните луѓе на социјалните медиуми.
@mayalorinnn Supra astra, ad lunam 💫 #VictorGlover #Artemis2 #NASA #fyp #trending ♬ original sound – Bellaa
Маја Гловер, ќерка на Виктор Гловер, пилотот на мисијата „Артемис 2“, привлече големо внимание кога изведе победнички танц во чест на својот татко. Маја сними видео за TikTok кое брзо воодушеви многумина.
„Кога твојот татко успешно ќе го пилотира Артемис 2 на половина пат до Месечината… а ти го забораваш танцот“, напиша таа, покажувајќи слика од својот татко на маица.
Бројни обожаватели на младата Маја Гловер, како и целиот екипаж на мисијата Артемис 2, коментираа на видеото, а повеќето од нив го поддржаа нејзиниот татко Виктор и другите членови на екипажот.
„Најдобриот татко во галаксијата“, „Кога твојот татко вели дека те сака до Месечината и назад, тој навистина го мисли тоа“, „Твојот татко штотуку стана легенда“, се само дел од коментарите.







