Францускиот претседател Емануел Макрон во Њујорк ги одликуваше филмските легенди Мартин Скорсезе и Роберт де Ниро за нивниот придонес кон филмот и неговото зачувување.
На церемонијата во француската културна резиденција „Вила Албертин“ на Менхетен, 83-годишниот Скорсезе го доби Орденот на Легијата на честа во ранг на висок офицер за неговата долгогодишна работа на зачувување на светското филмско наследство и поддршката на независните кина.
Де Ниро, исто така 83-годишен, беше одликуван со Орден на Легијата на честа во ранг на офицер за неговиот придонес кон филмското образование и независната аудиовизуелна продукција.
Меѓу гостите на церемонијата беше и актерот Леонардо ди Каприо. Макрон престојува во Њујорк по повод Генералното собрание на Обединетите нации.







