Денес Стрелецот треба да внимава на финансиите, бидејќи е можен неочекуван трошок. Иако денот носи оптимизам и желба за викенд, ќе биде важно да се завршат обврски кои долго се одложуваат, особено административни.
Во текот на денот може да се појави контакт од стар пријател од странство, што ќе разбуди желба за патување, но се предупредува на импулсивни купувања и лошо планирање на буџетот. Можни се и трошоци поврзани со домаќинство или автомобил.
На работа, искреноста на Стрелецот може да биде „претерана“, па се советува подипломатска комуникација поради потенцијални конфликти. Вечерта носи мир и потреба за одмор во круг на блиски луѓе.
Фото: Depositphotos







