Актерката Кејт Хадсон и нејзиниот вереник, музичарот Дени Фуџикава, се во врска од 2016 година, а пред тоа беа пријатели 15 години. Тие имаат ќерка, Рани Роуз, која е родена во 2018 година, а музичарот ѝ предложи брак на актерката во 2021 година. Сепак, се чини дека свадбата нема да се одржи, а Кејт објасни зошто.
Во подкастот на нејзиниот брат Оливер Хадсон, таа објасни дека постојано размислува за мажење, но дека тоа би била „премногу скапа инвестиција“.
„Сè уште не сум мажена, само сум свршена. Постојано размислувам за мажење и се прашувам што ќе правиме. И секој пат кога ќе почнеме да правиме список, Дени вели дека сака мала свадба. Му велам: „Па, само нашето најблиско семејство има 50 луѓе“. Нашето семејство е огромно, имаме милион деца, чичковци, тетки, братучеди“, рече Кејт.
Покрај големиот број гости, таа рече и дека проблемот се трошоците.
„Тоа е една од причините зошто не сакам да се мажам. Само мислам дека е премногу скапо“, рече таа со насмевка и додаде дека би сакала на свадбата да има само „грицки, на пример чипс“.
Покрај ќерката со Фуџикава, Кејт Хадсон има уште два сина од претходни врски; Рајдер Расел Робинсон (22), кого го доби во брак со поранешниот сопруг Крис Робинсон, пејач на групата „The Black Crowes“, и Бингам Хон Белами (15), кого го доби со поранешниот вереник Мет Белами, фронтмен на групата „Muse“.







