Според астролозите, Водолијата е хороскопскиот знак што најмногу се издвојува по својата интелигенција, благодарение на аналитичкото размислување, креативноста и способноста да гледа „надвор од рамките“.
Родените во овој знак, велат астролошките толкувања, се визионери кои лесно поврзуваат сложени идеи, ги преиспитуваат авторитетите и постојано бараат нови решенија. Нивната сила не е само во училишниот успех, туку и во апстрактното размислување и иновативноста.
Oвие особини делумно се совпаѓаат со психолошкиот концепт „отвореност кон искуства“, кој во некои научни истражувања се поврзува со повисоки интелектуални способности.
Сепак, астролозите посочуваат дека Водолиите имаат и слабости – понекогаш можат да бидат тврдоглави, емоционално дистанцирани и да почнуваат многу идеи без да ги доведат до крај.
Воедно се нагласува дека секој хороскопски знак има свои силни страни. Девицата се поврзува со аналитичност и прецизност, Близнаците со брзо учење и комуникација, Шкорпијата со стратешко размислување, Јарецот со практична интелигенција, а Ракот и Рибите со силна емоционална и интуитивна интелигенција.







