Холивудската актерка Шерон Стоун сподели фотографија во бикини додека ужива покрај базен, покажувајќи како го минува слободното време во пресрет на летото.
68-годишната ѕвезда позираше во дводелен костим за капење со дезен, а објавата ја придружи со пораката: „Летото е пред врата!“
View this post on Instagram
Нејзините следбеници ја преплавија со комплименти за изгледот, нарекувајќи ја „прекрасна“ и „совршена“.
Стоун неодамна зборуваше и за критиките за нејзиниот изглед и стареењето, порачувајќи дека жените се многу повеќе од својот физички изглед.







