Инфлуенсерката која собра милиони следбеници со објави во бикини, со пиво и оружје всушност не постои, туку е лик создаден со вештачка интелигенција, зад кој стои 22-годишен студент од Индија, објави Wired, пренесува „Индекс“.
Студентот, познат како „Сам“, дошол на идејата да создаде АИ лик додека собирал пари за студии по медицина. Со помош на АИ алатки, го креирал ликот на „Емили Харт“, наменет за конзервативна публика во САД.
Профилот брзо станал популарен, собирајќи десетици илјади следбеници и милиони прегледи. Потоа заработката ја проширил преку продажба на производи и платен пристап до АИ генерирана содржина на платформи како Fanvue.
Според неговите зборови, со минимален ангажман заработувал илјадници долари месечно, што му било доволно да ги финансира студиите.
Експерти предупредуваат дека вештачката интелигенција ги прави ваквите лажни профили сѐ поубедливи. Иако профилот подоцна бил изгасен поради измамнички активности, студентот изјавил дека планира да се посвети на медицината.







