„Очајната домаќинка“ навистина нема среќа: „Толку сум осамена; не сум била на состанок веќе седум години“

Тери Хачер отворено зборуваше за својот љубовен живот и откри некои детали што можеби не сте ги очекувале.

Актерката Тери Хачер откри дека не била на состанок веќе седум години, изразувајќи жалење што е „целосно сама“ (сингл) меѓу пријатели кои се „главно во брак“. Актерката од серијата „Очајни домаќинки“, која има 61 година, изјави дека нејзината последна шестмесечна врска била со еден Британец додека работела во Лондон.

Тери претходно била во брак со Маркус Лајтхолд од 1988 до 1989 година, а подоцна и со Џон Тени, со кого била во брак од 1994 до 2003 година. Со Тени ја има ќерката Емерсон, која сега има 28 години.

„О Боже, навистина сум сама. Низ животот чекорам со отворено срце и никогаш не би рекла ’никогаш‘, но не одам на состаноци. Не излегувам на состаноци и не барам можности за тоа. Не сум била на ниту еден состанок. Мислам дека не претерувам кога велам дека поминаа седум години. Имам голема заедница од прекрасни пријатели; повеќето од моите најдобри пријателки ги познавам најмалку 30 години, а тие се главно во брак.“

„Навистина нема нов круг на луѓе. Понекогаш, кога одам на некој хуманитарен настан, си помислувам: ’О, можеби ќе запознаам некој што размислува како мене и кому му е грижа за пронаоѓање лек за рак‘, но тоа не се случува“, додаде таа во интервју за списанието *HELLO!*.

Тери првпат се прослави во 1984 година како навивачка на тимот „Сан Франциско 49ерс“, пред да добие помали телевизиски улоги. Меѓу нив беше и незаборавната улога на Сидра – лик опишан како „природен и спектакуларен“ – во хумористичната серија на NBC, „Сајнфелд“, во 1993 година.

Сепак, вистинската популарност ја стекна со серијата „Очајни домаќинки“ (Desperate Housewives) во периодот од 2004 до 2012 година, каде што го толкуваше ликот на Сузан Мајер. Наводно, таа заработувала по 440.000 долари по епизода за таа улога, а се ширеле и гласини дека со неа „тешко се соработува“, откако извршниот продуцент Марк Чери еднаш алудирал на „голема ѕвезда со сериозни проблеми во однесувањето“ со која било „невозможно“ да се најде заеднички јазик, притоа фалејќи ја Фелисити Хафман.

Scroll to Top