Северина: Во друг живот ќе бидам Хајди во кломпи

Во интервју за „Ин Магазин“, Северина искрено зборуваше за мајчинството, животните предизвици и борбата за женски и човекови права. Таа истакна дека користењето на нејзиното влијание за општествено важни теми е голем товар, но ѝ носи мир во душата.

На прашањето од каде наоѓа сила по сите приватни борби, пејачката откри:

„Верувам дека не спасува духовитоста, а тоа успеав да го пренесам и на синот.“

Нејзиниот син Александар неодамна наполни 14 години, а Северина вели дека од минатото ги памети само среќните денови, нагласувајќи дека животот секогаш носи рамнотежа меѓу среќата и тагата.

Гледајќи со хумор на својот бурен животен пат, таа се пошегува за своите желби за следниот живот:

„Во друг живот ќе бидам Хајди во кломпи, со поглед на градинарски џуџиња. Ќе пеам „хајли-хо“ по ридовите, тоа ми е желба.“

Сепак, пред таквата „планинска пензија“, Северина ова лето ја очекуваат бројни концерти ширум регионот.

Scroll to Top