Северина сподели фотографија на Инстаграм со својот син Александар, кој ја започна својата прва година средно училиште. Објавата брзо привлече внимание, а многумина забележаа дека 14-годишниот Александар веќе ја прераснал својата мајка. На фотографијата, мајка и син позираат прегрнати на една улица во Загреб.

Северина во последните месеци сè почесто објавува фотографии со својот син на социјалните мрежи. Во февруари, таа јавно му го честиташе 14-тиот роденден и сподели серија од нивните заеднички фотографии.







