Кон крајот на годината, доаѓаат нови шпекулации за љубовниот живот на Сидни Свини, а овој пат цела Италија зборува за неа.
Младата актерка Сидни Свини го привлекува вниманието на целиот свет со својот изглед, но и со својот бурен љубовен живот, иако ниту потврдила, ниту негирала повеќето ситуации. Како да не беше доволно што е главна тема во Холивуд, сега за неа зборуваат и во Италија.
Овој пат, за сè е „виновен“ еден фудбалер, Кристијан Пулишиќ, кој моментално игра за италијанскиот Милан, а е по потекло од Хрватска.
Гласината за нивната наводна врска всушност потекнува од Италија, но брзо се прошири преку океанот. Започна со Инстаграм страницата „DNA Bomber“ и предизвика лавина од коментари, реакции и мемиња, а набрзо стана вирална на сите социјални мрежи.
Потврди? Досега – нема, но веста сè уште наголемо се шири. Да биде уште полошо, и Сидни и Кристијан имаат партнери.
Долго време се шпекулираше дека Сидни е во врска со Скутер Браун, тие беа видени неколку пати како разменуваат нежности во јавност, додека Кристијан е заљубен во голферката Алекса Мелтон.







