Снимка од Никол ги разгори социјалните мрежи: таа за малку ќе откриеше…

Никол Шерцингер сака да се снима за социјалните мрежи, но овојпат за малку ќе предизвикаше скандал. Таа откри малку повеќе отколку што планираше.

Позната по своето бујно деколте и витката линија, пејачката Никол Шерцингер не ја пропушти можноста да ја разгори фантазијата на своите следбеници на интернет.

На Инстаграм, каде што редовно објавува фотографии од приватниот и професионалниот живот, таа сподели „жешко“ видео кое брзо собра огромен број лајкови и реакции од целиот свет.

На видеото се гледа како познатата пејачка танцува, истакнувајќи ги своите стомачни мускули и виткото тело – но и нешто друго. Бидејќи носеше тренерки со низок струк, постоеше ризик да открие многу повеќе од само својата прекрасна фигура.

За среќа, тоа не се случи, а јавноста уживаше во нејзините заводливи танцови потези, бујната коса и впечатливата шминка.

„Дива“, „Таа не ги следи модните стандарди, таа ги создава. Ја обожавам“ и „Едноставно си совршена“ беа дел од коментарите на нејзините верни обожаватели.

Scroll to Top