Ново истражување покажува дека жените во триесеттите, па дури и во раните четириесетти години, често доживуваат период на засилен сексуален нагон и поголема самодоверба во интимниот живот.
Според студијата објавена во Personality and Individual Differences, причината лежи во комбинацијата од биолошки фактори, искуство и подобро познавање на сопственото тело.
Во истражувањето учествувале 827 жени поделени во три групи според репродуктивниот период. Научниците заклучиле дека жените на возраст од 27 до 45 години имаат поизразен либидо, почести сексуални фантазии и поактивен интимен живот во споредба со помладите и постарите испитанички.
Експертите сметаат дека телото во овој период испраќа биолошки сигнал поврзан со плодноста, додека истовремено жените стануваат посигурни во своите желби и поретко прифаќаат компромиси во врските.
Истражувањето посочува дека на сексуалниот нагон влијаат и хормоните, квалитетот на врската, сонот, физичката активност и нивото на стрес.
Иако по 46-тата година кај дел од жените се забележува намалување на либидото, авторите нагласуваат дека тоа не значи крај на квалитетниот интимен живот, туку често носи подлабока емоционална поврзаност и посмирени односи.







