(Фото) Блејк Лајвли го покажа својот мускулест сопруг: Подготвен е за OnlyFans

Блејк Лајвли и Рајан Рејнолдс се сметаат за најхармоничниот пар во светот на филмската индустрија. Не е тајна дека Рајан беше голем поддржувач на својата сакана за време на судењето со Џастин Балдони, и дека тој постојано јавно изјавуваше дека е „многу горд на својата сопруга“.

Се чини дека чувството е взаемно, бидејќи Блејк исто така сака да го покажува својот сопруг на мрежите. Таа неодамна објави фотографија од него на Инстаграм, а „неговата“ луксузна чанта привлече внимание.

Познатиот актер не се срамеше да го присвои модниот додаток на својата сакана, вреден помеѓу 25.000 и 50.000 долари, и гордо да позира пред објективот на камерата на својата сакана.

Блејк го сними овој момент и го објави во приказна на Инстаграм, а фотографијата беше придружена со хумористична реченица:

„Мојот профил сега официјално стана профил на OnlyFans“, напиша Лајвли.

Scroll to Top