(Фото/Видео) Кара Делевин позираше без гаќички, а потоа порача: „Забавно е“

Кара Делевин е ѕвездата на новото издание на списанието „Плејбој“. Моделот одлучи да се разголи за оваа пригода, и позираше за насловната страница во смел фустан кој привлекува погледи и воздишки.

Таа носеше црн латекс корсет од Ацуко Кудо, кој чини речиси 2.000 долари, но вниманието го привлече долниот дел од нејзиниот стајлинг. Или поточно, таа „заборави“ да понесе долна облека, па ги покри интимните делови со раката.

Покрај модниот едиторијал, новото издание на ова машко списание беше проследено со искрено интервју со познатата манекенка. Во разговор со Отеса Мошфег, таа зборуваше за влијанието на дрогата врз нејзиниот живот, заљубувањето и голотијата. Соработуваше со тим жени за ова издание и, како што изјави, ова беше начин да „ја преземе контролата“ врз своето тело.

Патем, таа е првата лезбејка што се појави на насловната страница на машкото списание „Плејбој“.

„Секако, Плејбој е многу хетеросексуална ‘институција’. Значи, се чувствуваше малку како чин на пркос и бунт, а да се има неверојатен креативен тим предводен од жени, од кои многу се квир, беше навистина забавно и различно“, рече Кара, додавајќи:

„Сум се соблекла на снимања и во филмови и претходно. Но, секогаш се чувствував одвратно кога беше за некој друг. Секако, тоа беше мој избор и се согласив со тоа, но никогаш не било волку ослободувачки. Никогаш не сум се чувствувала поудобно во сопственото тело.“

Scroll to Top