(Фото/Видео) Култниот фустан ги разгоре страстите: 32 години разлика и две секс бомби

Пред 32 години, црниот фустан од Версаче, прицврстен со безопасни иглички, ја лансираше Елизабет Харли во светот на ѕвездите, а сега?

Три децении по еден од најзначајните моменти од црвениот тепих од 90-тите, Џиџи Хадид оддаде почит на историјата на модата. Моделот го носи истиот фустан на Версаче како и Елизабет Харли на насловната страница на најновото издание на списанието EE72.

Во едиторијалот насловен „Направено во 90-тите“, Хадид, која дури и не била родена кога Харли првпат го облече познатиот фустан од Версаче, ја комбинираше оваа смело прицврстена креација со вртоглаво високи потпетици, разбушавена коса и силно оцртани очи.

На уште неколку фотографии од британскиот фотограф Крег Мекдин, Џиџи оддава почит на уште еден значен бренд од 90-тите – Келвин Клајн. Таа позираше во гаќички CK кои ѕиркаат под нејзините фармерки.

Во далечната 1994 година, Харли, како сосема анонимна девојка, успеала да позајми фустан од Версаче вреден 3.000 фунти само неколку часа пред премиерата на „Четири свадби и еден погреб“, во кој нејзиното тогашно момче Хју Грант ја играше главната улога.

Зборувајќи во документарецот на „Вог“ за „Дизни+“ за 2024 година, моделот се присети на провокативниот фустан:

„Веројатно бев фотографирана 800.000 милијарди пати таа ноќ. Следниот ден бевме на сите насловни страници на весниците и си помисливме: „Што по ѓаволите се случува?“

„Се сеќавам дека само ги гледав фотографиите и си помислив: ‘Што?’ А потоа си помислив: ‘Па, всушност, беше доста смел фустан, нели?’“

Зборувајќи за тоа како дошла до креацијата на толку познат дизајнер, таа објасни:

„Знаев дека морам да имам фустан и некој ми рече: „Познавам некого што има ПР агенција и можеби може да ви помогне“. Тој ден се јавивме и рековме: „Дали имате нешто?“ И тие рекоа: „Имаме фустан.“ А јас реков: „Па, во ред, би сакала да го позајмам, ако можам да влезам во него.“

Актерката и модел се упатила со јавен превоз за да го земе фустанот, кој „ѝ бил даден во мала бела пластична кеса“.

Кога фустанот ја започнал кариерата на Елизабет, Џиџи била детска ѕвезда. Таа почнала да работи за „Бејби Гес“ на двегодишна возраст, а денес е една од најбараните модели.

Scroll to Top