Том Круз присуствуваше на премиера на нов филм во Лондон изгледајќи многу елегантно, иако најмногу внимание привлече неговото лице без брчки.
Холивудската ѕвезда Том Круз се појави на црвениот тепих во Лондон на светската премиера на филмот „Дигер“ (Digger).
Познатиот 64-годишен актер се одлучи за елегантен црн смокинг, но главна тема на разговор беше неговото „мазно“ лице без брчки – изгледаше како воопшто да не остарел.
Со оглед на тоа што е во шеесеттите години од животот, може слободно да се претпостави дека ѕвездата од „Топ Ган“ се потпира на козметички зафати за да го одржи својот младешки изглед – и мора да се признае дека во тоа успева, бидејќи и понатаму важи за еден од најпосакуваните холивудски заводници.
И покрај муабетите за неговиот изглед, тој им се насмевнуваше на сите, се ракуваше со обожавателите и неуморно позираше пред фоторепортерите.
Во новиот филм на режисерот Алехандро Гонзалес Ињариту, Круз ја толкува главната улога на Дигер Роквел, еден од најмоќните луѓе на планетата, кој се обидува да спречи глобална катастрофа.
Сите сцени во филмот се снимени во Велика Британија, поради што Лондон беше избран за место на светската премиера.







