Со својот едноставен, но гламурозен фустан, таа остави силен моден впечаток и го плени светот.
Познатата холивудска актерка Ен Хатавеј, која е во центарот на вниманието во последните неколку месеци поради продолжението на филмот „Ѓаволот носи Прада“, неодамна потврди дека е бремена по трет пат, а сега изненади со сосема поинаков фустан од оние во кои сме навикнати да ја гледаме.
На премиерата на филмот „The Odyssey“ во Париз, таа покажа сосема нов моден израз и воодушеви многумина со својата неочекувана промена. Станува збор за гламурозна креација направена специјално за неа со потпис на модната куќа „Луј Витон“, која е инспирирана од колекцијата за есен 2026 година.
Во ненаметлив долг фустан во чоколадна нијанса, Ен го покажа своето трудничко стомаче, но тоа не беше во преден план. Креацијата нежно ја следеше нејзината бремена фигура, а е уште попосебна поради својата едноставност со која испрати порака дека помалку е всушност повеќе.
Таа носеше и внимателно одбран накит од луксузната куќа „Булгари“, а имаше и малку брановидна коса и дискретна шминка што само ја нагласуваше нејзината природна убавина.
Многумина ќе се согласат дека ова е едно од нејзините најелегантни изданија во изминатите неколку месеци, а Ен покажа дека не треба да претерувате за да оставите силен моден впечаток.







