(Фото/Видео) Не се знае чие деколте е подобро, но и двете „пукаат“ од сексапил

Хајди Клум и Адријана Лима присуствуваа на вечерна забава што се одржа во рамките на Канскиот филмски фестивал. Стануваше збор гала настанот „House of Magnum“ каде што Хајди буквално блескаше под рефлекторите. Носеше корсет фустан од брендот Sophie Couture.

Нејзината колешка, познатата Адријана Лима, исто така привлече големо внимание, која повторно го покажа целиот свој сексапил. Носеше интересна креација од брендот Maria Lucia Hohan што ја следеше линијата на телото и ја истакнуваше нејзината манекенска фигура.

Интересно беше и деколтето, кое ја возбуди имагинацијата на многумина, бидејќи само малку откриваше дел од телото. Фустанот е украсен со отворени рамена што даваа женствен шмек на целокупниот изглед на Лима.

За да го комплетира овој стајлинг, таа се одлучи за таканаречена опашка и едноставна шминка што ја нагласуваше нејзината специфична бразилска убавина.

Двете убавици беа видливо расположени на црвениот тепих, а нивните заеднички фотографии го обиколија светот. Навистина, ова беше глетка за паметење!

Scroll to Top