(Фото/Видео) Оваа жена „гори“: Повторно облече „гол“ фустан и предизвика хаос во Париз

Уште едно појавување на познатата Џеј Ло во Париз предизвика лавина од коментари и реакции на мрежите. Нејзиниот најнов аутфит го привлече вниманието и на модните критичари.

Неделата на модата во Париз сè уште трае, а познатите убавици го привлекуваат вниманието на целиот свет. Сепак, се чини дека една посебно ја интригира јавноста, бидејќи секој нејзин стајлинг досега беше чиста магија.

Џенифер Лопез не престанува да привлекува погледи и воздишки. Веќе имавме можност да ја видиме во проѕирен фустан што ги открива нејзините гради, а судејќи според најновите фотографии, се чини дека навистина ѝ се допадна овој моден стил.

Во овој поглед, Џеј Ло одлучи и овој пат да носи проѕирен фустан. Станува збор за креација од дизајнерот Зухар Мурад што ја следи линијата на телото и ја нагласува нејзината зачудувачка фигура.

Белата тоалета е украсена со бројни монистра и сребрени детали, а не треба да се изостави и пердувестата наметка, што му даде на целиот стајлинг гламурозен шмек.

Џеј Ло го комплетираше изгледот со високо стилизирана пунџа и шминка во земјени тонови што го даде тој „soft glam“ изглед.

Scroll to Top