(Фото/Видео) Таа точно знае колку да открие: Џеј Ло во фустан од 1.300 евра

Џенифер Лопез покажа во уште една гламурозна креација зошто е една од најдобро облечените познати личности.

Во текот на својата успешна кариера, Џенифер Лопез редовно нè воодушевуваше со нови модерни, гламурозни комбинации, но една остана во сеќавање како најзначајна и највпечатлива – фустанот од Версаче со длабоко деколте што го носеше на доделувањето на Греми наградите во 2000 година, а токму овој фустан го инспирираше создавањето на Google Image Search.

Иако е тешко да се повтори, а уште потешко да се засени таква креација, Џеј Ло не се обидува, бидејќи многу добро знае што одговара на нејзиниот стил.

Неодамна, таа се појави на 25-то издание на Меѓународниот фестивал на латино филмови во Лос Анџелес (LALIFF), каде што привлече внимание во фустан во боја на жалфија, потпишан од брендот Bronx and Banco.

Креацијата изработена од лелеава, плисирана ткаенина беше нагласена на половината со кристален ланец, што дополнително ги истакна исечоците на колковите.

Горниот дел имаше длабоко деколте украсено со соодветни кристални алки, додека долниот дел продолжуваше во развеано здолниште со брановиден раб и прорези на предната страна.

За дополнителна доза на гламур, таа носеше кратка јакна преку фустанот, чии ракави и раб беа украсени со впечатливи текстурирани детали.

Изгледот го заокружи со додатоци во розовозлатна нијанса, вклучувајќи сандали со платформа и сатенска чанта од Тајлер Елис.

Scroll to Top