Ким Кардашијан имаше голема причина за славење – и изговор да го носи овој впечатлив фустан. Се чини дека никој не можеше да остане рамнодушен кон нејзините раскошни облини.
Ким Кардашијан постигна значаен деловен пресврт откако нејзиниот бренд, SKIMS, се прошири на европскиот пазар. Риалити ѕвездата ја отвори својата прва продавница во Лондон и организираше раскошна забава на која присуствуваа бројни познати личности.
За таа пригода, таа се одлучи за минималистички дизајн кој, секако, откриваше доста. Фустанот со крој на сирена „ја прегрна“ нејзината фигура и ги истакна нејзините облини, додека проѕирниот дел од фустанот сигурно го освои вниманието.
Сепак, најважниот дел од нејзиниот изглед беше длабокото деколте кое ги нагласуваше нејзините гради. Таа го надополни изданието со шминка во природни тонови и избра лабави бранови кои се спуштаа по грбот и рамената, дополнително истакнувајќи ги нејзините адути.







