(Фото/Видео) „Тотално промашување“: Сопругата на милијардерот не ги исполни очекувањата

Модните избори од неодамна завршената Мет Гала, која ни донесе мноштво спектакуларни креации, но и целосни модни неуспеси, сè уште се коментираат.

Меѓу личностите за кои можеби најмногу се зборува е Лорен Санчез Безос, сопругата на Џеф Безос, третиот најбогат човек во светот, која разочара со својот моден избор за овој настан.

Многумина веруваат дека таа се појави на Мет Гала затоа што нејзиниот сопруг е главен спонзор на овогодинешниот моден спектакл, а поради што очекувањата беа превисоки.

Лорен носеше долга темно сина тоалета со длабоко деколте од брендот „Скијапарели“, а декоративните детали се бисерни и дијамантски ремчиња кои лежерно паѓаат по нејзините рамена.

Фустанот е тесен и кроен како сирена, па Лорен уште еднаш нè потсети на својата женствена фигура, но… како да била видена во вакви креации многу пати претходно и не шармираше со нешто поинакво, поспектакуларно, поелегантно…

Таа пристигнала сама на црвениот тепих, бидејќи наводно Безос бил болен.

Scroll to Top