(Фото/Видео) Шарлиз Терон блесна со својот изглед, носеше мало црно фустанче

Шарлиз Терон успеа да ги фасцинира сите со еден моден избор. Нејзиниот „мал црн фустан“ моментално е главна тема на социјалните мрежи.

Шарлиз Терон е позната како жена со стил и вкус која секогаш ја избира совршената комбинација за одредена пригода. Покрај тоа, нејзината извонредна убавина е нејзиниот најголем адут, благодарение на што секое нејзино појавување во јавноста привлекува погледи полни со восхит. Тоа секако беше случај и кога таа се појави на еден настан од големо лично значење.

Имено, таа беше домаќин на хуманитарен настан, бидејќи нејзината фондација – „Africa Outreach Project“ – веќе шеста година по ред собираше средства за ранливите деца и млади во Јужна Африка.

За оваа пригода, Шарлиз избра мал црн фустан од „Диор“; иако со минималистички дизајн, фустанот имаше впечатлив детал на деколтето – златна шнола во форма на буквата „D“.

Креацијата ја истакна нејзината фигура, привлекувајќи внимание кон нејзините долги, витки нозе и белите сандали – исто така од „Диор“. Токму овој детал им падна во очи на модните критичари, бидејќи малку жени се одлучуваат за ваков тип на обувки на големи настани.

Но, сепак, станува збор за Шарлиз Терон; таа не е обична жена и не им робува на конвенционалните модни правила…

Што се однесува до остатокот од нејзиниот изглед, таа комбинацијата ја надополни со брановидна фризура и шминка во земјени тонови, кои дополнително ја истакнаа нејзината неверојатна убавина.

Scroll to Top