Џулија Робертс неодамна присуствуваше на премиерата на филмот „After the Hunt“ во Лос Анџелес, каде што блескаше во розов фустан од брендот „Greta Constantine“.
Самата креација е украсена со едноставен крој и длабоко деколте, а актерката ја надополни со впечатлива огрлица од брендот „Sabyasach“. Вниманието на јавноста не беше привлечено од нејзиното чувство за елеганција, туку од пораката зад самиот фустан.
Julia Roberts shines at the LA premiere of #AfterTheHunt pic.twitter.com/FkSDc1YbSa
— The Hollywood Reporter (@THR) October 5, 2025
Имено, Џулија веќе го носеше овој фустан во 2022 година на премиерата на филмот „Ticket to Paradise“. Освен што го сака концептот на одржлива мода, актерката е и голем поддржувач на жените кои го преживеале ракот на дојка.
„Октомври е месец на подигање на свеста за ракот на дојка, па го носам овој фустан во чест на мојата најдобра пријателка, која го победи ракот на дојка“, објасни добитничката на Оскар на црвениот тепих.
Стајлингот го надополни со брановидна фризура, земјена шминка и нејзината карактеристична насмевка, која со задоволство им ја покажа на фотографите од странските медиуми.
фото: принтскрин