(Фото) Во никогаш пократко фустанче, на многумина им го помати умот

Пејачката Дуа Липа веќе некое време патува низ светот за нејзината музичка турнеја „Радикален оптимизам“. Таа редовно објавува фотографии и видеа на социјалните мрежи, а судејќи според најновата објава, таа престојува во Бразил.

Серијата фотографии ја прикажува пејачката во провокативна облека што ја истакнува нејзината витка фигура и внесува допир на дивост во нејзиниот необичен стил на облекување.

Убавицата носеше мини фустан со животински принт што многу потсетува на трендот „мафијашка сопруга“ што владееше во 2024 година.

Стајлингот го надополни со златни обетки, висока опашка и црвени сандали кои беа впечатлив детаљ од оваа комбинација.

Судејќи според објавата, Дуа танцуваше до доцна навечер, а нејзините огнени танцови движења предизвикаа лавина од коментари.

фото: принтскрин

Scroll to Top