(Фото) Долгите нозе во преден план, секси стилот воодушевува

Пејачката Дуа Липа е често активна на социјалните мрежи, особено на Инстаграм, каде што редовно „качува“ фотографии од нејзиниот деловен и приватен живот.

Инстаграм служи и како модна платформа за неа, каде што активно ги објавува своите изданија – и мора да кажеме, тие се речиси секогаш беспрекорни.

Таа сега објави фотографија со пријателка во својата Инстаграм приказна, а нејзиниот аутфит привлече внимание. Tаа носеше црн мини фустан кој ја истакнуваше нејзината завидна фигура, но и нејзините витки нозе.

Фустанот го носи потписот на брендот Laformela, а е украсен со асиметричен крој, како и двослојнo здолниште. Широката црна лента со метални детали не треба да се изостави, што му даде на ова монохроматско издание доза на драматичност.

За да го комплетира стајлингот, таа додаде длабоки црни чизми и едвај видливи златни додатоци.

Scroll to Top