(Фото) Има 77 години и позира без шминка: Повторно се поставува истото прашање – како е тоа можно?

Вера Ванг редовно го привлекува вниманието, но не често ја гледаме без шминка или други „трикови“ за разубавување, па оваа селфи-фотографија беше вистинско изненадување.

Модната дизајнерка Вера Ванг – која во јуни го прослави својот 77-ми роденден и често е во центарот на вниманието поради својот младолик изглед што ѝ ја донесе титулата „жена што не старее“ – објави селфи од кревет на кое позира без шминка.

Познатата дизајнерка спомна дека не се чувствува добро и напиша дека креветот ќе ѝ служи како канцеларија во наредните неколку дена. Таа е прикажана со природно лице и пуштена коса.

„Заглавена во кревет, постојано кивам… Па, останувам токму овде… Мојата нова канцеларија“, напиша Вера Ванг на Инстаграм.

Пред само неколку месеци, таа имаше сосема поинаква фризура – ​​подолг „боб“ и руса коса – но бидејќи е позната по тоа што сака трансформации, се претпоставува дека носела перика за прославата на својот роденден.

Scroll to Top