Актерката Сидни Свини повеќе не се крие кога е во друштво на Скутер Браун, озлогласениот менаџер во Холивуд, кој успеа да го освои срцето на фаталната русокоса.
Иако веќе некое време се шпекулира дека се во врска, сега сè е дефинитивно јасно, со оглед на тоа што тие повеќе не се кријат дури ни кога разменуваат нежности во јавност, објави „Пејџ Сикс“.
Sydney Sweeney and Scooter Braun hold hands while heading to office https://t.co/AbY8qm221m via @DailyMailCeleb
— andreu200 (@andreu20089490) October 6, 2025
Папараците ги фотографираа за време на прошетка во Њујорк додека се држеа за раце, а првите сомневања за нивната врска започнаа по свадбата на Лорен Санчез и Џеф Безос кога беа видени заедно во Венеција.
Во исто време, ова е и првата официјална врска на Сидни Свини откако ја раскина свршувачката со Џонатан Давин, со кого беше заедно седум години.
Очигледно, Скутер Браун првично бил загрижен за фактот дека е 16 години постар од актерката, но кога таа го направила првиот потег, и тој се опуштил.
Никогаш не беше целосно јасно зошто половина од Холивуд го мрази Браун, но познато е дека и Аријана Гранде и Џастин Бибер одеднаш ја прекинаа соработката со него, додека Тејлор Свифт го смета за голем непријател затоа што ги купил правата за нејзините песни без нејзина дозвола.
фото: принтскрин