(Фото) На 45 години изгледа како вистинска бомба, а ова е нејзината тајна за совршено тело

Исхраната на манекенката Алесандра Амбросио е едноставна. Иако се труди да се храни здраво и сама да си го подготвува јадењето, постојат две работи на кои едноставно не може да им одолее.

Секој што ќе слушне дека Алесандра Амброзио има 45 години е прилично изненаден, бидејќи манекенката изгледа како да има половина од тие години. За тоа постои добра причина, со оглед на тоа што Алесандра со децении вежба и се храни здраво.

Таа ужива во готвењето, што ѝ олеснува да се придржува до здрава и урамнотежена исхрана.

Сепак, не било секогаш така. Алесандра вели дека во младоста нејзината исхрана не била најдобра. Знаела да изеде цело пакување колачиња и потоа да се чувствува ужасно. Сепак, со текот на времето сфатила дека на тој начин не му прави услуга на своето тело. Затоа, почнала повеќе да внимава на сигналите што ѝ ги испраќа телото.

Секогаш кога чувствувала дека претерува со јадењето, се потсетувала како се чувствувала претходниот пат кога го направила тоа. И тоа функционирало! Алесандра сè уште јаде вкусна храна, но штом телото ќе ѝ даде сигнал дека е сито, таа престанува да јаде.

Исто така, манекенката не верува во строги диети или во лишување од одредени видови храна.

„Не исфрлам ниту една група на намирници. Застапник сум на умереноста… Така што, ако ми се пријаде малку темно чоколадо додека патувам со авион или ако сакам коктел со пријателите за викенд, си дозволувам такво задоволство. Всушност, речиси секоја вечер пијам чаша црвено вино со вечерата, а два или три пати неделно пијам чај и јадам по едно колаче“, изјавила таа еднаш.

Исхраната на Алесандра Амбросио
Таа знае дека внесувањето протеини за појадок е одличен начин да се одржи чувството на ситост подолго време. Денот го започнува со шолја кафе, свежо цеден сок и јајца и/или тост со авокадо.

Претпочита да вежба пред ручек, а веднаш по тренингот пие зелен сок.

За ручек обично јаде салата со пилешко или риба.

Што се однесува до вечерата, ако излегува со пријателите, нејзиното омилено јадење е суши. Ако останува дома, обично подготвува семејна вечера; бразилската скара ѝ е апсолутен фаворит.

Кога станува збор за ужинки, Алесандра сака да јаде енергетски плочки со чиа-семе, бадеми и овошје. Таа обично ги носи со себе за да не дојде во искушение да посегне по слатки.

Иако се труди да се храни здраво, Алесандра има неколку гастрономски „задоволства“ во кои ужива.

Тоа се тортата „Ред велвет“ (Red Velvet) и црвеното вино.

Scroll to Top