Канадската инфлуенсерка Спенсер Барбоса се смета за една од највлијателните личности на социјалните медиуми. Таа често прикажува реалистична слика за животот на социјалните медиуми, што вклучува објавување фотографии и видеа без филтри и дополнително разубавување.
Таа исто така се залага за идејата за прикажување реалистична слика за женското тело, прифаќање на сопствениот изглед и често зборува за самодовербата.
Сега објави серија фотографии под наслов „Селфиња што никој не ги споделува на социјалните медиуми (освен мене)“ и со тоа го привлече вниманието на обичниот свет.
Станува збор за компилација од фотографии на кои се гледа нејзиното лице без трага од шминка и во опуштен изглед. Без позирање, со разбушавена коса и маска за убавина на лицето, Спенсер уште еднаш покажа колку може да биде лажен животот на социјалните медиуми.
Нејзините реалистични фотографии предизвикаа лавина од коментари, а многумина беа воодушевени од нејзиниот потфат.
„Те сакаме Спенсер“, „Ова е толку точно“, „И затоа сите те сакаме“, се само дел од коментарите…







