(Фото) Познатиот фудбалер позираше гол и ги излуди жените: „Зошто не се соблекуваш почесто?“

Познатиот фудбалер Роберт Левандовски (37) не е претерано активен на социјалните мрежи и дефинитивно не е некој што сака да привлекува внимание кон себе, но со својата најнова фотографија токму тоа го направи.

Полскиот фудбалер позираше во базен, опуштен со поглед на морето, а сите го забележаа неговиот изглед и додадоа дека е неправедно запоставен покрај Роналдо, кога станува збор за дисциплина и форма.

Извајаните стомачни мускули на Роберт Левандовски веднаш станаа главна тема на социјалните мрежи, а реакциите под неговата објава беа само позитивни.

Иако овој фудбалер е познат по својот строг начин на живот, секојдневниот тренинг и внимателната исхрана, немаме често можност да го видиме во вакви изданија.

Роберт Левандовски е среќно оженет со Ана, успешна претприемачка, поранешна каратистка, но и нутриционистка, а заедно имаат две ќерки. Со оглед на тоа што Ана е исто така многу посветена на здравиот начин на живот и правилната исхрана, не е изненадување што Роберт е еден од најфит фудбалерите во светот.

„Како не го забележавме порано“, „Не знаев дека е толку згоден“, „Овој човек гори“, „Неправедно е запоставен“, „Зошто не се соблекуваш почесто“, беа само дел од коментарите на социјалните мрежи.

Scroll to Top