Иако веќе имаше можност да прошета за L’Oréal на почетокот на Неделата на модата во Париз, заедно со други амбасадори на брендот, како што се Кендал Џенер, Џејн Фонда и Ева Лонгорија, тој момент веќе не е толку важен.
Појавувањето на Хајди Клум на ревијата на Вивиен Вествуд ќе биде запаметено како посебен момент во нејзината долгогодишна кариера како модел, бидејќи тоа беше прв пат таа да „затвори“ ревија на Неделата на модата во Париз, пишува „Glamour Magazine“.
Невеста за паметење
Прекрасната Германка прошета по пистата во екстравагантна бохо венчаница со бел блескав корсет, а целата комбинација ја комплетираше со високи кафеави потпетици.
Додека песната „Das Karwendellied“ од бендот Zillertaler Schürzenjäger свиреше во позадина, дизајнерот Андреас Кронталер ѝ подари букет цвеќе, а насмевката на нејзиното лице го комплетираше целото искуство.
Посебна чест
Модните критичари и модните фанатици знаат дека секоја модна ревија е дефинирана од два клучни моменти. Првиот е кога светлата се гасат и првиот модел излегува на пистата, откривајќи ја насоката на колекцијата.
Вториот е последен, кога се презентира последниот поклон, означувајќи го големото финале. Моделите кои ја „отвараат“ и „затвораат“ ревијата се сметаат за меѓу најдобрите, и тоа е голема чест за нив.
Се чини дека Хајди Клум конечно ја заврши својата кариера како модел…