(Фото) Прекрасната сопруга на Един Џеко испрати јасна порака со една фотографија: Љубовта е невозможно да се скрие

Фудбалерите на Босна и Херцеговина се уште се во центарот на вниманието по ремито со Канада на Светското првенство.

Еден од најпознатите босански фудбалери, воедно и капитен, Един Џеко, долго време е ѕвезда на социјалните мрежи, а особено сега, за време на Светското првенство, се следи секој негов потег.

Заедно со него, популарна е и неговата сопруга Амра, која веќе неколку пати му даде јавна поддршка на Един.

Амра успеа да собере илјадници лајкови и позитивни реакции за многу кратко време кога објави фотографија на која го прегрнува Един, додека двајцата се облечени во боите на знамето на БиХ.

Со години, Амра го следи Един во текот на неговата успешна кариера, а е доста популарна и на социјалните мрежи бидејќи често споделува различни семејни фотографии.

Двајцата се во врска 14 години и имаат четири деца заедно, додека Амра има и постара ќерка од претходна врска.

„Заедништво, поддршка и љубов“, беше еден од коментарите под нивната објава.

Scroll to Top