Познатата манекенка Ирина Шајк се појави во Прага на презентацијата на календарот на Пирели за 2026 година и ги воодушеви сите со својот екстравагантен моден избор.
Руската убавица е позната како некој што често изгледа лежерно и опуштено, а најдобро се чувствува во широка облека, но кога станува збор за црвениот тепих, таа секогаш е подготвена за изненадувања.
Овој пат, Ирина беше и драматична и провокативна. На црвениот тепих се појави во црна асиметрична тоалета која имаше проѕирни делови, а сè комплетираше со шапка и смарагдни обетки, додека ги избели веѓите.
За сè да биде во согласност со нејзиното издание, Ирина ја прилагоди и шминката, па имаше потемен кармин и истакнат ајлајнер.
Покрај неа, на календарот се појавува и Венус Вилијамс, а руската манекенка не го криеше своето задоволство што е дел од еден ваков настан.
„Календарот на Пирели не се само убави слики, тоа е уметност и да се биде дел од нешто такво отсекогаш ми било сон, па затоа е чест“, рече Ирина.
фото: принтскрин







