(Фото) Се гледа дека ги наследила најдобрите физички карактеристики од нејзината позната мајка

Каја Гербер, ќерка на познатата манекенка Синди Крафорд, работи напорно на промоција на серијата „The Shards“. Досега ни покажа неколку модни изданија кои зрачат со чиста елеганција, а некои дури и со сексапил.

Сега се појави на уште една премиера на серијата во Берлин, а за оваа пригода донесе монохроматско издание на брендот Прада.

Станува збор за јасно дефинирана креација од сатен во бела боја која ја следи линијата на телото и ја истакнува нејзината зачудувачка фигура. Комбинацијата се состои од топ со отворен грб и макси здолниште кое ја нагласуваше нејзината манекенска градба.

Изданието го комплетираше со едноставна шминка во природни тонови, а кога станува збор за нејзината фризура – се одлучи за едноставна, брановидна фризура која паѓаше по грбот. Без сомнение, таа е навистина слика и прилика на нејзината позната мајка!

Scroll to Top