Во неодамнешното интервју за британското списание Homes & Gardens, актерката Памела Андерсон зборуваше за своето секојдневие далеку од холивудската сцена. И нема да поверувате како го поминува своето време…
Актерката Памела Андерсон беше најпрепознатливиот секс-симбол на 90-тите години. Русата коса, тенкиот струк и бујните облини ја дефинираа оваа убавица, а не е тајна дека таа беше врвната фантазија на мажите ширум светот.
Сепак, Памела сега води сосема поинаков живот, далеку од Холивуд. Добро е познато дека во 2020 година, актерката го обнови својот семеен имот во Британска Колумбија за да се посвети на земјоделството.
Овој потфат го инспирираше нејзиното многу популарно реално-шоу, Pamela’s Garden of Eden. Таа неодамна разговараше со Homes & Gardens за својата секојдневна рутина и страста кон градинарството.
„Повеќе сакам градини што изгледаат диви. Ги сакам растенијата што никнуваат сами од себе“, рече таа, додавајќи дека иако сака да ѝ дозволи на природата да го следи својот тек, сепак се грижи градината да задржи одредено ниво на уредност.
Покрај одгледувањето разни видови цвеќиња, Памела одгледува и овошје и зеленчук. Таа го опишува градинарството како терапевтско искуство – краток бег од динамичниот живот.
„Влегувам во мојата градина и секојпат кога излегувам од неа, се чувствувам како подобра личност“, рече таа. Таа исто така истакна дека градината послужила како голема инспирација за создавањето на нејзиниот бренд за убавина, Sonsie, кој се фокусира на природна козметика.
Таа упати и порака до оние што се заинтересирани да почнат со градинарство: „Едноставно почнете да си играте. Мислам дека е многу забавно“, заклучи таа.







