Уште едно заводливо издание на познатата Дилета Леота го привлече вниманието на светот. Овој пат, таа едноставно ја откопча својата кошула.
Дилета Леота важи за една од најатрактивните спортски новинарки. Таа често избира комбинации што ја истакнуваат нејзината витка фигура – особено бујното деколте. Сепак, овој пат нè изненади со навидум едноставен изглед, споделен на социјалните мрежи.
На Инстаграм, каде што редовно објавува фотографии од својот професионален и приватен живот, таа сподели серија фотографии од Рим. Покрај прекрасните кадри од градот, таа го привлече вниманието и со својот ненаметлив, а сепак шик стил.
За лежерна прошетка, таа облече бела кошула со длабоко деколте, искомбинирана со златни модни додатоци. Косата ја носеше пуштена, а шминката беше во нежни, земјени тонови кои ја истакнуваа нејзината природна убавина.
Како и многупати претходно, објавата собра огромен број лајкови и реакции од целиот свет, при што повеќето луѓе коментираа дека таа изгледа „фасцинантно“ и дека е „најубавата новинарка во светот“.







