(Фото) Ќерката на Синди Крафорд привлече внимание со необична креација

Моделот и актерка Каја Гербер предизвика голема возбуда на забавата по доделувањето на Еми наградите. Нејзиниот outfit брзо стана жешка тема меѓу модните критичари.

Позната по својот дискретен стил, ќерката на Синди Крафорд овој пат одлучи да ја разбуди фантазијата. За забавата на компанијата Волт Дизни што се одржа веднаш по доделувањето на наградите Еми, Каја Гербер носеше комплет кој измами погледи и воздишки.

Облеката комбинираше минимализам со впечатливи парчиња – особено горниот дел – и таа го постигна совршено, изгледајќи заводливо и стилски.

Таа носеше бело миди здолниште во комбинација со горниот дел кој многу личеше на градник. Оваа уникатна, донекаде провокативна креација го нагласи нејзиното витко тело, особено стомачните мускули.

Таа го надополни изгледот со дискретна шминка и елегантна, висока пунџа. Носеше високи потпетици кои дополнително ја истакнуваа нејзината фигура.

Scroll to Top