По концертниот спектакл во Скопје на 6 јуни, со кој поставија нови стандарди за домашни концерти, Јован Јованов и Елвир Мекиќ ја продолжуваат својата турнеја низ земјава и најавуваат ново грандиозно музичко шоу.
Следниот од низата планирани концерти ќе се одржи на 19 септември (сабота) на Градскиот стадион во Штип, во рамките на Пастрмалијада, каде Јован и Елвир ќе бидат ѕвезди на вечерта.
Ова ќе биде ноќ исполнета со безвременските хитови на двајцата музичари: „Магија“, „Армија“, „Слаба точка“, „Адреналин“, „Некаде после 2“, „Итно ми требаш“, „Ти ме сакаш знам“ и многу други, најавува организаторот.
И овој пат со Јован и Елвир ќе бидат бендот и танчарите што ги придружуваа во Скопје, а специјални гости ќе бидат нивните пријатели Маја Саздановска и Тони Зен.
„Сите што го пропуштија концертот на Јован и Елвир во Скопје, но и оние што ќе сакаат одново да ја доживеат истата енергија, заедно со многу носталгични моменти и преубава музика, ќе имаат можност на оваа незаборавна вечер во Штип.
Најдобриот концерт годинава вреди да се види двапати“.
Влезот на концертот на Јован и Елвир е бесплатен, а Пастрмалијада почнува во 19 часот.







