Ќерката на првата дама на Франција, Брижит Макрон, Тифен Озие, официјално ја објави својата емотивна врска со Антоан Лекомт, маж кој е 20 години помлад од неа, објавија денес француските медиуми.
„Како и Брижит, таа го слуша само своето срце“, пишува „Паризиан“, наведувајќи дека Тифен Озие, адвокатка и писателка, споделила фотографии од одморот со својот нов партнер, Антоан Лекомт, кој има 22 години, кон крајот на август.
Ќерката на Брижит Макрон и посвоена ќерка на францускиот претседател Емануел Макрон објави фотографии од одморот во Амстердам, Холандија, со својот партнер Антоан Лекомт, студент на бизнис школа, пишува „Мадам Фигаро“.







