Џорџ и Амал Клуни слават 12 години брак, едно правило не го прекршуваат

Џорџ и Амал Клуни на 27 септември одбележаа 12 години брак, а уште на почетокот на заедничкиот живот си поставиле едно правило – никогаш да не поминуваат повеќе од една недела разделени.

Џорџ Клуни уште во 2015 година откри дека поради обврските внимателно ги усогласуваат распоредите за да можат да го почитуваат договорот.

Двојката, која има деветгодишни близнаци Александер и Ела, голем дел од времето го поминува во Франција. И двајцата настојуваат семејниот живот да го држат далеку од јавноста.

Амал Клуни во интервју лани зборуваше и за тоа колку им е важна приватноста. Таа откри дека во домот имаат кошница во која гостите ги оставаат мобилните телефони, за да можат слободно и без снимање да разговараат.

Особено се внимателни кога станува збор за децата – никогаш јавно не објавиле нивни фотографии и се трудат што повеќе да ги заштитат од медиумското внимание.

Scroll to Top